Компанијата ги почитува принципите на недискриминација врз основа на пол, возраст, етничка припадност или религија, ја почитува старосната граница за вработување.
Главен приоритет на компанијата е да гарантира благосостојба на вработените и според тоа да презема мерки и активности за нејзино унапредување и надградување.
Во Макстил, поддршката на кариерниот раст и развој е наша клучна определба.
Нашиот сектор за човечки ресурси обезбедува индивидуални планови за развој на кариерата, креира програми и активности со цел обезбедување развој на вештините, менторство, пракса, обуки, и поддржува промена на работните позиции во компанијата.