Донации

МАКСТИЛ ГИ ПОДДРЖУВА ДЕЦАТА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР

Нашата компанија се грижи за здравјето, правилниот раст и развој на децата од најмала возраст.
Здружението за рана стимулација, развој и игра кај децата „Креатива Исток“, кое се грижи за деца со посебни потреби и развојни нарушувања преку индивидуална работа со децата и врз основа на извршена дефектолошка проценка, преку алатки за проценка.
Во текот на целата година Макстил обезбеди поддршка на две дечиња со аутистичен спектар, чија мајка остана без работа поради тековната криза, чиишто напредок би го следеле во текот на дванаесет месеци.
На овој начин уште еднаш ја потврдуваме нашата определба за поддршка на најмладите членови на нашата општествена заедница и помош за нивна подобра интеграција во општеството.

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО СОРАБОТКА СО ЦРВЕНИОТ КРСТ И „BLOOD BANK-TENK“

Макстил, по повод Светскиот ден на крводарителство - 14 jуни, во соработка со „Blood bank-TENK“ и Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Гази Баба, организираше крводарителска акција за вработените во просториите на компанијата. 
Со спроведување на хуманитарната акција беа собрани 52 единици крв што ќе им помогнат на пациентите кои имаат потреба од трансфузија на крв.
Дарувањето крв спасува животи, да бидеме хумани!
 

МАКСТИЛ КОМПЛЕТНО ГО РЕНОВИРА ОДДЕЛОТ ЗА ОНКОЛОГИЈА ПРИ ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ

Корпоратривната општествена одговорност на  Макстил е на високо место меѓу компаниските приоритети а во тие рамки главен фокус беше ставен на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести одн. Одделот онкологија. Благодарение на донацијата на Макстил, во која беа вклучени и деловните соработници на компанијата Одделот за онкологија доби комплетно нов, модерен и современ изглед, кој воедно ги исполнува сите медицински критериуми да прерасне во регионален центар каде веќе почнаа да се лекуваат децата со малигни заболувања.  
Со вложување финансиски средства во висина од 16 милиони денари за целосна реконструкција на детскиот онколошки оддел, ова претставува најголемата донација во здравството досега од страна на Макстил.

СПОНЗОРСТВО НА ВЕЛОСИПЕДСКИ КЛУБ „ТЕНКОМИНЦИ”

Нашата компанија веќе втора година го спонзорира велосипедскиот клуб „Тенкоминци”. Инаку, клубот брои околу дваесетина членови, од кои повеќето се волонтери, но исто така во својот состав вбројува и неколкумина професионални лиценцирани велосипедисти. Членовите на клубот земаат редовно учество на најпопуларните настани во земјата како „Прв до врв“, „Шара челинџ“, „Халк Вело Грин“, „Тур де лејкс“, а исто така имаат учествувано и на „Фрања маратон“ во Љубљана, Словенија, „Тур де Копаоник“, во Србија и на годишната етапна трка во Италија „Џиро д’Италија“.

МАКСТИЛ ОБЕЗБЕДИ ГОДИШНА ПОДДРШКА НА МЛАДИТЕ ПЛИВАЧИ ОД ПК НЕПТУН

Нашата компанија од почетокот на оваа година ја започна поддршката на Пливачкиот клуб „Нептун”, во насока на поддршка на пливањето како спорт, преку кој се делува на превентивата на потенцијалните здравствени проблеми на младите. Пливачкиот клуб го става  акцентот на најмладата популација – децата, со цел да го поттикне здравиот начин на живот кај младите.

МАКСТИЛ ДОНИРА МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН ПАРК СО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ И ОПРЕМА ЗА ВЕЖБАЊЕ ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

Макстил донира изработка и реквизити за првиот мултифункционален парк со детско игралиште и опрема за вежбање во општина Гази Баба. На површина од 2000 м2 компанијата создаде модерен и урбан простор за социјализирање и рекреирање. Со донацијата е обезбедено набавка и монтажа на детски реквизити, фитнес опрема, кои се поставени на тартан подлога, направено е уредување на просторот и тревникот околу паркот со зеленила, листопадни дрвjа и алпинеум, инсталиран е автоматски систем за наводнување како и заштитна ограда околу паркот. 
Новиот мултифункционален парк се наоѓа во населба Маџари – Хиподром, веднаш зад основното училиште „Наум Наумовски-Борче“ и ќе претставува отворен јавен простор за сите граѓани.

МАКСТИЛ КОМПЛЕТНО ГО РЕНОВИРА НА ОДДЕЛОТ ЗА НЕОНАТОЛОГИЈА ПРИ УНИВЕРЗИТЕТСКАТА КЛИНИКА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ

Како покровител на Одделот за неонатологија при Универзитетската Клиника за Детски болести во Скопје, Макстил заедно со волонтерите од компанијата целосно помогна во реновирањето и набавката на потребната пропратна опрема и апарати. Донацијата е во вредност од 35 илјади евра, а реновирањето опфати градежни активности и целосна реконструкција на простор од 400 метри квадратни, вклучително опремување на истиот и набавка на опрема за фототерапија, со што е даден комплетно нов изглед на одделението, а опремата ќе овозможи подобро функционирање на одделот што е единствен од ваков тип во целата држава.

ПОДДРШКА НА МЛАДИОТ ТЕНИСЕР БЕРК БУГАРИЌ

Составен дел на општествената одговорност на нашата компанија е и вложувањето во спортот.
Нашата поддршка на младиот тенисер Берк Бугариќ, прворангиран на ранг-листата за тениски јуниори до 18 години за 2020, на Тениската федерација на Северна Македонија, продолжува и оваа година. 
Се надеваме дека придонесовме во обезбедувањето подобри услови за тренинг, опрема и учество на уште повеќе натпревари, каде што ќе продолжи да постигнува одличен успех.
 

МАКСТИЛ ОБЕЗБЕДИ КИСЛОРОДНИ МАСКИ И ОПРЕМА ЗА УНИВЕРЗИТЕТСКАТА КЛИНИКА ЗА ИНФЕКТИВНИ БОЛЕСТИ И ФЕБРИЛНИ СОСТОЈБИ

Макстил донираше 500 кислородни маски и опрема што во моментов е најпотребна на Универзитетската клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, за полесно справување со коронавирусот. Оваа донација е дополнителна поддршка за клиниката, која во моментов се соочува со поголем број на пациенти.

Солидарноста и меѓусебната помош во услови на пандемија се многу важни, а ние како општествено одговорна компанија секогаш се стремиме да помогнеме онаму каде што е најпотребно.
 

ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ДОБИЈА НОВ ПРОСТОР ЗА ДРУЖЕЊЕ И РЕЛАКСАЦИЈА

Општина Гази Баба доби донација од „Макстил АД - Скопје”, летниковец кој ќе им овозможи на жителите на оваа општина урбано катче за секојдневно дружење и релаксација.
Оваа донација има за цел да го врати и негува маалскиот живот во општината, сплотувајќи ги граѓаните на ова место и овозможувајки им на сите генерации да уживаат уште повеќе во убавините на парк шумата Гази Баба.
Летниковецот располага со 4 поголеми клупи за седење и две маси и е лоциран на ул. „Душан Ташковиќ“
„Благодариме на укажаната доверба и заедничка соработка од Општина Гази Баба, за реализација на овој проект. Чест и задоволство за нас како компанија беше можноста да придонесеме токму во општината каде сме лоцирани и работиме. Се радуваме и на идните заеднички проекти кои ќе продолжат да им го разубават животот на нашите сограѓани.“
Донацијата на летниковецот е само дел од многуте активностите кои ги реализира компанијата Макстил како општествено одговорна компанија.
 

ДОНАЦИЈА СОС ДЕТСКО СЕЛО

Секое дете заслужува да има еднакви можности за добро образование и среќно детство.
Макстил овојпат ја поддржа невладината организација СОС Детско село со донација која се надеваме дека ќе им помогне во остварувањето на детските права и ќе овозможи насмевка на детските лица.

ГАРАНТИРАНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ДЕЦАТА ВО ОПШТИНАТА ГАЗИ БАБА - МАКСТИЛ ДОНИРАШЕ 30 ТАБЛЕТИ ЗА ДЕЦАТА ОД ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

Макстил се приклучи кон акцијата за еднакви услови во наставата за секое дете, и донираше 30 таблети за учениците од основните училишта од Општина Гази Баба.
Образованието на децата и младите е секако еден од најголемите приоритети на нашата копманија. Затоа, покрај сите програми за стипендирање на средношколци и студенти на техничките училишта и факултети, овој пат веднаш го прифативме повикот на Градоначалникот Борис Георгиевски и Општина Гази Баба за да помогнеме на најранливите а сепак најважните наши сограѓани–децата од оваа општина.
Секое дете заслужува можност да ја следи наставата онлајн и да се образува без прекин во наставата.
Ова е уште еден од проектите кои ние како општествено одговорна компанија ги реализираме, и уште една одлична соработка со Општина Гази Баба.

НАШАТА КОМПАНИЈА ГО ПОДДРЖА ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО

Компанијата Макстил го поддржа јавното здравство со донација од 500 маски за кислород на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - Скопје, како и топли оброци за сите вработени кои секојдневно работат за справувањето со пандемијата.
Во овие моменти треба да си помагаме меѓусебно, бидејќи само заедно побрзо и полесно ќе ја пребродиме оваа пандемија.

Затоа почитувајте ги мерките и препораките од надлежните институции и грижете се за вашето здравје, како и за здравјето на вашите најблиски.

МАКСТИЛ ИЗРАДУВА 20 СЕМЕЈСТВА НА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Макстил како општествено одговорна компанија постојано се приклучува на разни иницијативи за помош на ранливите социјални групи, болници, училишта, односно секаде каде има потреба од помош и донација. Оваа наша позитивна практика овој пат израдува 20 семејства на деца со посебни потреби, ученици во ОУ "Д-р Златан Сремец".
Секое семејство доби пакети со храна и пијалоци, кои им се многу потребни во овие тешки денови.

Насмевката на детските лица е најубавиот подарок за секој родител, а ние се надеваме дека успеавме да придонесеме за многу детски насмевки.

ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА ОНИЕ НА КОИ ИМ Е НАЈПОТРЕБНО И ВО ОВАА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Макстил донираше 200 оброци за загрозените семејства и сограѓани. Подготовката и доставата ги следеше сите мерки и препораки на Владата, а со помош на волонтерите кој носеа заштитна опрема, оброците беа поделени на сите поединци посебно, без групно собирање.

Честитки до Ретвитни oброк и Вистински дела на љубезност, кои несебично им помагаат на овие социјални групи, а ние како општествено одговорна компанија ќе продолжиме да ја подржуваме оваа и сите останати иницијативи за помош на оние на кои им е најпотребно.
 

МАКСТИЛ СО ДОНАЦИЈА ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА ДЕТСКА СОБА НА КЛИНИКАТА ЗА НЕВРОХИРУРГИЈА

Новата детска соба ќе придонесе да се подигне квалитетот на услугата за најмладите пациенти, а за истата се набавени нови болнички кревети и изградена е бања со тоалет и чајна кујна.

Помагање и поддршка на заедницата, особено на најмладата популација е од исклучителна важност. Макстил како општествено одговорна компанија е постојано вклучена во проекти на локално и државно ниво, а посебно за помош во делот на социјална и здравствена заштита.
 

Барај