Производниот процес во Макстил се одвива во погоните „Челичарница“ и „Валавница“ за дебели лимови. Главен влезен материјал при производство на челикот е старото железо. Има типичен капацитет од близу 350.000 тони топловалани дебели лимови годишно. Главна карактеристика е неговата флексибилност, бидејќи процесот може лесно да се стартува и да се запре, согласно побарувачката на пазарот. Работата се одвива на основа на 24-часовен распоред, во зависност од побарувачката на пазарот; при повисоко ниво на побарувачка обемот на производството се зголемува, додека кога побарувачката е пониска, обемот на производство се намалува. Производството може да биде приспособено во мали или поголеми производни серии, кратки рокови на испорака, како и широк асортиман на различни квалитети на челик, согласно барањата и потребите на купувачите.
Преглед на процесите
Челичарница
Производниот погон „Челичарница“ го сочинуваат електропечка (ЕП) за производство на течен челик, казанска печка каде што се врши третман на челикот со цел да се подобрат карактеристиките на челикот од аспект на квалитет и чистота и три машини за континуирано леење на течниот челик во слабови, со инсталиран годишен капацитет од 550.000 мт.
Валавница
Производниот погон „Валавница“ има инсталиран капацитет од 350.000 тони топловалани дебели лимови со следните димензии: дебелина 5-100 мм (130 мм по специјално барање), ширина до 3.050 мм и должина 3.500 – 18.500 мм.