Процесот започнува од подготовка на старото железо и на другите влезни материјали, потоа старото железо се топи и се рафинира со употреба на електрична и хемиска енергија, и на крајот процесот се завршува со леење на течниот челик во слабови. Челичарницата има годишен инсталиран капацитет од 550.000 мт и произведува слабови со следниве димензии: дебелина 150 – 300 мм, ширина 900 - 1.550 мм, должина 4.800 — 12.000 мм. Максималната тежина на слабот може да достигне до 30 тони.
Производниот погон „Челичарница“ го сочинуваат електропечка (ЕП) за производство на течен челик, казанска печка каде што се врши третман на челикот со цел да се подобрат неговите карактеристики од аспект на квалитет и чистота и три машини за континуирано леење на течниот челик во слабови.
Инсталирана опрема и машини во погонот „Челичарница“

