Коорпоративна општествена одговорност

Ние во Макстил ја прифаќаме општествената одговорност на компанијата како исклучително важна корпоративна вредност.

Општествената одговорност е интегрирана во деловната политика на компанијата и претставува интегрален дел на Националната агенда за општествена одговорност на компаниите во Република Северна Македонија, принципите за корпоративно управување на ОЕЦД, Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации, како и на Глобалниот договор на ООН.

Со цел остварување на целите на општествената одговорност на компанијата во деловните операции, таа беше водена од напорите да даде конкретен придонес кон социјалната заедница преку постојано приспособување на нејзините иницијативи. Компанијата континуирано ја поддржува локалната заедница, притоа е посветена на квалитетот, здравјето и безбедноста во сите аспекти на работењето. При комерцијалната соработка со купувачите и добавувачите, применува етички деловни практики и настојува позитивно да влијае на околината преку промовирање ефективни еколошки практики.

Барај