Политика за квалитет

Компанијата има воспоставено систем на квалитет, интегриран во нејзината деловна стратегија уште од самиот почеток на аквизицијата на компанијата со групацијата Duferco во 1997 година.

Системот за квалитет е заснован на традиционален модел на управување, според ISO стандардите, врз систем на мерење и инспектирање.


Системот за квалитет на Макстил се заснова на следниве принципи:
  • Идентификација и постојан напор да се намалат недоследностите што создаваат технолошки проблеми, влијаат на приходите и ја намалуваат довербата на клиентите и довербата на пошироката заедница;
  • Обезбедува јасно толкување на барањата на сите заинтересирани страни, така што нашите производи можат да бидат испорачани навремено до нашите купувачи;
  • Континуирано подобрување на перформансите на компанијата;
  • Постојано одржување и преглед на ефектите и ефективноста на системот за квалитет, во согласност со барањата на меѓународниот стандард за квалитет ISO 9001: 2015;
  • Развој на свесноста и посветеноста за значењето на квалитетот во производствениот процес, како и на сите организациски нивоа, перманентна едукација на одговорните вработени за извршување на задачите со цел реализација на поставените деловни цели.

Барај