Важи од: 25 May 2018
Последна ревизија: [јуни 2019]
Важи од: 25 May 2018
Последна ревизија: [јуни 2019]
Макстил се повикува на Известувањето за заштита на податоците на DITH Group
Заштитата на вашите лични податоци е важна за Duferco International Trading Holding S.A. и за неговите подружници. Ние сме посветени на одржување на разумни мерки на претпазливост во врска со безбедноста на сите информации што ни се дадени и почитување на приватноста на лицата со кои соработуваме.
Целта на ова Известување за заштита на податоците е да ве информираме кои лични податоци ги собираме за вас, како ги обработуваме, кои се вашите права и како можете да ги остварите според применливите закони и регулативи за заштита на личните податоци согласно Регулативата за заштита на податоците на ЕУ 2016/679 („GDPR“) и согласно швајцарските важечки закони и регулативи.
Во ова Известување за заштита на податоците, „DITH“ се однесува на Duferco International Trading Holding S.A. додека „ние“ или „нас“ или „наша“, или „DITH Group“, се однесува на секоја подружница на „DITH“ којашто одвреме-навреме има улога на контролор во однос на вашите податоци (освен ако таквата подружница што делува како контролор на податоци ви обезбедила специфично известување за заштита на податоците („Специфично известување“), случај во кој таквото специфично известување ќе преовлада).
Ова Известување за заштита на податоците нема да се однесува на личните податоци на вработените во DITH Group, чија обработка ќе биде регулирана со посебни интерни акти за заштита на податоци на вработените во DITH.
Прибирањето на вашите податоци може да биде направено на повеќе начини, вклучувајќи:
Податоците што ги прибираме и ги обработуваме може да вклучуваат:
1. ОБРАБОТКА ЗАРАДИ ИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Може да ги обработиме вашите лични податоци кога тоа е потребно заради исполнување на договорот во кој вие сте договорна страна (или во кој договорна страна е вашиот работодавец или вашиот директор) или за да ги преземеме неопходните чекори пред склучување на договорот. Ова би можело да вклучува преговарање за вистинското или потенцијалното извршување на договорот, исполнување (или да ви овозможи да ги исполните) обврските утврдени во договорот, одржување евиденција за ваквите активности и какви било други цели за кои ни ги давате вашите лични податоци.
2. ОБРАБОТКА ЗАРАДИ ЛЕГИТИМНИ ИНТЕРЕСИ
Ние исто така може да ги обработуваме вашите лични податоци кога тоа е неопходно за нашите легитимни интереси (вклучително и легитимниот интерес на која било компанија од Групацијата DITH). Ова би можело да вклучува испраќање информации од комерцијална природа; обука на нашиот персонал, собирање или задржување докази за трансакции, управување со ИТ и ИТ-безбедност, администрација и управување со нашата деловна активност (вклучително и заштита на нашите права и интереси, архивирање, ревизија и известување).
3. ОБРАБОТКА ЗАРАДИ ИСПОЛНУВАЊЕ ПРАВНИ ОБВРСКИ
Конечно ние би можеле да ги обработиме вашите лични податоци со цел да ги исполниме законските обврски кои се однесуваат на нас. Ова би можело да вклучува усогласеност со законските или со регулаторните обврски (вклучувајќи спречување на перење пари, запознај го својот клиент, спречување корупција, антимонополистички обврски и обврски поврзани со ревидирање), како и барања од даночните органи или од надлежните судски инстанци или други овластени органи.
Во сите погоре наведени случаи, ве молиме имајте предвид дека би можеле да ги споделиме вашите лични податоци на други компании во Групацијата DITH, агенти, советници, посредници, трети страни вклучени во давањето услуги или производи во врска со соодветниот договор (вклучително и други компании во Групацијата DITH или финансиски субјекти вклучени во комерцијалните трансакции), регулатори, органи на јавната власт или соодветни државни тела и институции надлежни за спроведување на прописите и нашите даватели на ИТ-услуги и на складирање („Трети страни“). Ние преземаме безбедни комерцијални активности со цел да се осигуриме дека третите страни преземаат соодветни безбедносни мерки за заштита на вашите лични податоци, во согласност со нашите правила.
Кога ги споделувате вашите лични податоци со трети страни согласно ова Известување за заштита на податоците, тие би можеле да бидат пренесени надвор од Европската Унија.
Во случај на меѓународни трансфери кои потекнуваат од Европскиот економски простор (ЕЕА), и во случај кога Европската комисија ја има признаено земјата каде што се пренесуваат податоците како земја со обезбедено соодветно ниво на заштита на податоците, вашите лични податоци може да се пренесат врз основа на наведеното погоре. За трансфери во земји кои не се членки на ЕУ и ЕЕА, чиешто ниво на заштита не е признато од Европската комисија, ние ќе се потпреме на отстапување што се применува за специфичната ситуација (на пр. ако трансферот е неопходен заради извршување на нашиот договор со вас, како на пример при вршење меѓународни плаќања) или користење разумни трговски напори за спроведување на една од следниве заштитни мерки, со цел обезбедување заштита на вашите лични податоци: (i) стандардни договорни клаузули одобрени од Европската комисија; (ii) обврзувачки корпорациски правила.
Ние ќе ги задржиме вашите лични податоци подолго во следниве случаи:
Во согласност со важечките законски регулативи, ги имате следниве права:
Доколку сакате да ги искористите погоре наведените права или сакате да добиете дополнителни информации за вашите права или известување за заштита на податоците, можете да ги доставите вашите прашања на следната адреса: info@dith.com
Во согласност со важечката регулатива, покрај вашите права наведени погоре, имате право да поднесете жалба до надлежните органи за заштита на податоците.
Во случај на разлика помеѓу преводот на македонски јазик и англиската верзија, англиската верзија ќе биде земена за меродавна.