Макстил се повикува на Условите за употреба на DITH Group
Услови за употреба
ВОВЕД
Добре дојдовте на веб-страницата на DITH: www.makstil.com
Овие Услови за употреба ја регулираат употребата на оваа веб-страница на DITH. Во овие Услови за употреба, заедно со другите дефинирани изрази во текстот, на Duferco International Trading Holding S.A. се однесуваат изразите „DITH“, „ние“, „нас“ или „наш“; DITH е компанија и секој од нејзините директори, вработени, акционери се нарекуваат „лица од DITH “; а корисникот се нарекува „корисник“, „вие“ или „ваш“.
Пред да пристапите на веб-страницата на DITH или до нејзината содржина, ве замолуваме да ги прочитате Условите за употреба и приложената Политика за приватност.
Со пристапување или користење на веб-страницата на DITH, вие се согласувате и се обврзувате да ги почитувате овие Услови за употреба во однос на целата содржина или делови од веб-страницата.
ДОКОЛКУ НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ ЗА УПОТРЕБА, ВЕ МОЛИМЕ НЕ ЈА КОРИСТЕТЕ ОВАА ВЕБ-СТРАНИЦА.
ОПСЕГ
- Нашата веб-страница вклучува области што се отворени за сите посетители и може да вклучува делови „заштитени со лозинка“, како што се области резервирани за заштитени финансиски информации достапни за нашите овластени корисници.
- Овие Услови за употреба се однесуваат на јавните содржини на оваа веб-страница, како и на содржините заштитени со лозинка.
СОПСТВЕНОСТ НА СТРАНИЦАТА И НА СОДРЖИНАТА
Сите права, наслов и интереси на оваа веб-страница, вклучувајќи го и кодот врз основа на кој функционира оваа веб-страница, како и целиот текст, сите фотографии и други слики, сите графики, илустрации, аудио и видео содржини и друга содржина или материјал обезбеден на оваа веб-страница (заедно „Содржината“) е во сопственост на DITH или трети лица кои имаат лиценцирано или обезбедено своја содржина во корист на DITH. Целокупната содржина на оваа веб-страница е предмет на авторски права и предмет на друга интелектуална сопственост и законски утврдени права (вклучително и права на трети лица). Согласно наведеното, посетителите немаат право или дозвола да ги копираат содржините.
ТРГОВСКИ МАРКИ
Заштитените трговски марки, услужни марки, трговски имиња и производи што се користат или се прикажани на оваа веб-страница („Обележја“) се регистрирани и нерегистрирани трговски марки на DITH, Групацијата DITH, нејзините филијали, поврзаните субјекти или трети страни. Согласно наведеното, на посетителите не им се доделени никакви права или дозвола да ги користат или да ги копираат обележја.
Линкови до други веб-страници на DITH
Оваа веб-страница може да содржи линкови до други веб-страници во сопственост на DITH или трети страни. Различните веб-страници се користат за различни намени и затоа можат да имаат различни услови на користење и политика на приватност.
Пред да ја користите веб-страната на DITH, без разлика дали е хостирана од страна на физичко лице од DITH или трета страна, ве советуваме најпрвин да ги погледнете важечките услови за употреба и другите политики на веб-страницата.
Линкови до и од веб-страниците на трети страни
Оваа веб-страница на „DITH“ може да содржи линкови до други веб-страници во сопственост на трети страни, како што се, огласувачи, поврзани страни, стратешки партнери или други („Поврзани веб-страници“).
Линковите до веб-страниците на трети страни се дадени само за ваша информација и треба да имате предвид дека DITH не ги контролира овие страници или нивната содржина.
DITH не е одговорен за истражувањето или евалуацијата на овие веб-страници. Ние не ги гарантираме или одобруваме производите или понудите на која било од овие деловни активности или трети лица од трети страни, ниту точноста на содржината на нивните веб-страници („Содржината на поврзаните веб-страници“). Во ниеден случај, употребата на врската не треба да значи наше одобрување на содржината на овие веб-страници или резултатите добиени од нивното користење.
Пред да користите која било поврзана веб-страница, ве советуваме да ги разгледате важечките „услови на употреба“ и политиките на таквите веб-страници.
ОДНЕСУВАЊЕ НА ПОСЕТИТЕЛОТ
- Ние обработуваме информации за вас во согласност со нашата Политика за приватност. Со користењето на веб-страницата, вие се согласувате на таквата обработка и гарантирате дека сите дадени податоци од ваша страна се точни.
- Вие не смеете да ја злоупотребувате веб-страницата (вклучително, без ограничување, со хакирање).
- Забрането е да објавувате или да пренесувате на или од оваа веб-страница каков било материјал што е:
o заканувачки, клеветнички, навредлив, непристоен, заканувачки, порнографски, злоупотебувачки, поттикнувачки за расна омраза, дискриминаторски, застрашувачки, скандалозен, богохулен, поврзан со нарушување на довербата, нарушување на приватноста или кој може да предизвика фрустрација или непријатност;
o организира или охрабрува однесување што би се сметало за кривично дело, предизвикува граѓанска одговорност или на друг начин е спротивно на законот или ги крши правата на која било трета страна, во која било земја во светот; и/или
o технички штетен (вклучувајќи, без ограничување, компјутерски вируси, логички бомби, тројански коњи, црви, штетни компоненти, корумпирани податоци или друг злонамерен софтвер или штетни податоци), и за кој ги немате добиено сите потребни лиценци и/или одобренија. - Прекршувањето на Условите за користење може да резултира со непосредно повлекување на вашето право за пристап или користење на веб-страницата и/или судски постапки против вас.
ВАЖНО ПРАВНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Ниту една содржина на оваа веб-страница, содржината на поврзаните веб-страници, ниту пристапот до нив не претставува барање, понуда или препорака за вклучување во каква било инвестициска активност, ниту за вршење какви било трансакции, или за склучување правно обврзувачки договор од каков било вид.
Објавената содржина и мислењата изразени на веб-страницата на DITH се дадени за лична употреба и само за информативни цели. Целокупната содржина или кој било дел од неа може да биде променета без најава.
Ниту едно лице од DITH не смее да дава гаранции од кој било вид (било директно или имплицитно) дека кој било дел од содржината или поврзаните веб-страници е точен, комплетен или ажуриран. Корисникот не треба да се потпира на кој било дел од таквата содржина, без независно да ја потврди таквата содржина. Подеднакво, и без да се во спротивност со генералната природа на ова одрекување, ниту еден дел од содржината ниту пак содржината на поврзаните веб-страници не е наменета да дава совети на кои треба да се потпирате.
Соодветно на тоа, секое лице поврзано со DITH се оградува од целата вина и одговорност за каква било штета или загуба од каква било природа што може да се случи преку пристап до оваа веб-страница на DITH или која било поврзана веб-страница, потпирањето на содржината на оваа веб-страница, содржината на поврзаните веб-страници или во врска со употребата или спреченоста да се користи оваа веб-страница на DITH или која било поврзана веб-страница.
Особено, без ограничување, ниту едно лице од DITH не смее да дава никакви објаснувања и се исклучува од комплетна одговорност во врска со: содржината на оваа веб-страница; содржината на поврзаните веб-страници; вашата употреба на оваа веб-страница на DITH или која било поврзана веб-страница; какви било прекини или грешки на оваа веб-страница на DITH или на која било поврзана веб-страница; и какви било вируси или други небезбедни компоненти на оваа веб-страница на DITH или на која било поврзана веб-страница.
Овие Услови за употреба се регулирани со релевантните закони на британското законодавство. Британските судови имаат ексклузивна надлежност за секоја рекламација што произлегува од употребата на веб-страницата на DITH или е поврзана со нејзиното користење.
ПРОМЕНИ НА УСЛОВИТЕ ЗА УПОТРЕБА
Овие Услови за употреба може да бидат ажурирани без најава. Сите промени што се прават ќе бидат објавени на оваа страница. Корисникот се советува редовно да се навраќа на овие Услови за употреба за да се запознае со какви било промени или последователни дополнувања.
[Последно ажурирање: март 2017]
Во случај на разлика помеѓу преводот на македонски јазик и англиската верзија, англиската верзија ќе биде земена за меродавна.